pointer  Продажни салони Најава

Политика за враќање и рекламации – Esotiq Македонија

Враќање на производи

Во случај купувачот да ја преземал стоката, а потоа се откаже од купувањето, производите треба да бидат вратени во рок од 15 дена од денот на испорака.
Повратот на средства ќе биде извршен во рок од 30 дена по приемот на образецот за откажување, но Esotiq Македонија го задржува правото да не изврши поврат додека производите не бидат вратени и прегледани.

Производите што се враќаат мора да бидат:

  • неупотребувани,
  • неоштетени,
  • во оригинална амбалажа,
  • со сите прикачени етикети.
Секој производ мора да биде уредно спакуван во соодветна амбалажа. Пратки кои се неуредно спакувани или оштетени при транспорт нема да бидат прифатени и ќе бидат вратени на испраќачот.
Со производите задолжително треба да се приложи фактура/фискална сметка и пополнет образец за откажување.

Адреса за враќање: Салонот од кој што е испратена нарачката, наведен на пратката.
Трошоците за враќање се на товар на купувачот. Не прифаќаме пратки со откупна поштарина.

Рекламации
Esotiq Македонија презема одговорност за можни фабрички недостатоци или скриени грешки на производи купени преку нашата онлајн продавница.
Во случај на рекламација, потребно е купувачот да испрати писмен приговор на е-mail: info@esotiq.mk, со детално објаснување на проблемот. Дополнително, потребно е да се пополни образец за рекламација ТУКА, кој заедно со производот и фактурата/фискалната сметка се доставува на адресата на салонот.
По приемот на рекламираниот производ, Esotiq е обврзан во рок од 8 дена писмено да ве извести дали рекламацијата е прифатена.

  • Доколку е прифатена, истата ќе биде решена согласно Законот за заштита на потрошувачите.
  • Доколку е одбиена, производот ќе ви биде вратен.
Производи оштетени при транспорт поради несоодветно пакување нема да бидат прифатени.

Chat on Viber